• петок, 05 декември 2025

Книга со пиесата „Двајца во Еден“ од Томислав Османли објавена во Хрватска

Книга со пиесата „Двајца во Еден“ од Томислав Османли објавена во Хрватска

Скопје, 24 октомври 2025 (МИА) - Книга со камерна театарска пиеса „Двајца во Еден“ од Томислав Османли е објавена во во Задар, Хрватска, во превод на писателот Никола Шимиќ Тонин, како заедничко издание на три задарски книгоиздателства: Хрватското книжевно друштво – Задар, Библиотеката Donat и издавачката куќа “ВВВ”.

Како што информира авторот, пиесата „Двајца во Еден“ е лиричен сценски солилоквиум „за двајца, за кукли и месечина“ и беше поставен на неколку професионални сцени, во Народниот театар во Куманово во режија на Виолета Џолева, во Театарот за деца и млади во режија на Димитрие Османли и во академскиот театар Џон В. Гејнс во Њупорт, Вирџинија, во режија на Наум Пановски.

-Драмата беше објавена во книга во издание на „Ѓурѓа“ пред точно 30 години и го вклучуваше оригиналниот текст на македонски, потоа текстот на англиски во превод на Соња Андонова и – сосем оригинално и за ова време  - неговата комплетна стрипувана верзија од цртачкото перо на Александар Сотировски, посочува Османли. 

Драмата „Двајца во Еден“ пред неколку години беше објавена и во Србија, на книжевниот портал „Eckermann“, а хрватската е најновата објава на драмскиот текст на Османли. Објавата на пиесата на Османли од Книжевното друштво Задар следува по наградата „Donat“ , највисокото  признание на задарската книжевна Асоцијација што пред две години му беше доделено на македонскиот автор. хс/са/

Фото: корица 

 

 

Остани поврзан