• вторник, 24 декември 2024

Клуге: Бројот на новозаразени во Европа сега е поголем отколку во март

Клуге: Бројот на новозаразени во Европа сега е поголем отколку во март
Копенхаген, 17 септември 2020 (МИА) – Ситуацијата во врска со коронавирусот во Европа е сериозна, бидејќи регистрираното неделно зголемување на бројот на нови случаи на Ковид-19 сега е поголемо отколку во март, кога пандемијата го достигна првиот врв на тој континент, предупреди денеска Ханс Клуж, регионален директор на Светската здравствена организација за Европа. Минатата недела, вкупниот неделен број на регистрирани случаи во Европа надмина 300.000, а повеќе од половина од европските земји во изминатите две недели забележаа пораст на бројот на случаи од повеќе од 10 проценти, додека во седум од тие земји двојно се зголеми бројот на новозаразени, истакнува Клуге во официјално соопштение. Строгите анти-епидемиски мерки дадоа резултати во текот на пролетта и почетокот на летото, така што бројот на нови случаи на Ковид-19 во јуни беше на најниско ниво досега, но зголемувањето на бројот на заразени во септември треба да послужи „како повик за будење за сите нас“, предупредува Клуге. Иако зголемувањето е делумно одраз на проширениот обем на тестирање, тоа исто така укажува на вознемирувачка стапка на пренесување на Ковид-19 низ европскиот регион, а повеќето нови случаи во првата недела од септември сè уште меѓу населението на возраст од 25 до 49 години, се вели во соопштението. Во Европа досега се регистрирани 4.893.614 случаи на Ковид-19, од кои 226.524 лица починале од оваа болест, но овие податоци се само дел од приказната, бидејќи влијанието на пандемијата врз нашето ментално здравје, економија, средства за живот и општеството е огромно, истакнува Клуге и повикува на поголемо единство во Европа и засилени напори за совладување на пандемијата. јт/

Остани поврзан