• понеделник, 26 август 2024

Изложба на Фото кино клубот „Козјак“ во Музејот на фотографија во Марибор

Изложба на Фото кино клубот „Козјак“ во Музејот на фотографија во Марибор

Куманово, 24 февруари 2024 (МИА) - Членовите на Фото кино клубот „Козјак“ од Куманово гостуваа со поставка во Музејот на фотографија во Марибор, Словенија, насловена „Луѓе“, во организација на Фото клубот „Марибор“.

Членовите на клубот, како што денеска соопштија, се претставиле со 30-тина фотографии.

- Во знак на големиот културен ден во Словенија, денот на Франце Прешерн, словенската публика имаше можност да присуствува на отворањето на клупската изложба на уметничка фотографија „Луѓе“. Отворањето започна со изведба на традиционални македонски ора во организација на Македонското културно друштво „Билјана“ во Марибор, како знак за топло добредојде. На изложбата имаше изложено околу 30-тина фотографии од повеќе автори-членови на ФКК „Козјак“ и истата имаше голема посетеност, информираа од клубот.

Членовите на ФКК „Козјак“ во неколкудневниот престој, освен што имале фотографско дружење со членовите на Фото клубот „Марибор“, ја посетиле и самостојната изложба на Јоже Маринич, поставката на „Photo Graz selection - 5“ и „STOL NONE MARIKE“ на Метка Кавчич. Целокупните настани и поставка на изложбата се во организација на збратимениот Фото клуб „Марибор“. ам/бд/

Фото: ФКК „Козјак“ Куманово

Остани поврзан