Клиничкатата болница „Д-р Трифун Пановски“-Битола се оградува од постапката на докторот осомничен за поткуп
- Јавната здравствена установа Клиничка болница „Д-р Трифун Пановски“ се оградува од постапката на докторот кој е притворен заради примање на поткуп.
Битола, 29 јануари 2025 (МИА) - Јавната здравствена установа Клиничка болница „Д-р Трифун Пановски“ се оградува од постапката на докторот кој е притворен заради примање на поткуп.
Директорката на Битолската клиничка болница Ненси Лозанче преку соопштение посочи дека итно е спроведена постапка за смена на докторот од раководна позиција.
-ЈЗУ Клиничка болница „Д-р Трифун Пановски“-Битола е запознаена со случајот од страна на СВР -Битола и ги охрабрува истражните органи да постапат транспарентно и законито. Како Клиничка болница се оградуваме од постапката на посочениот доктор. Категорично сме против и силно ја осудуваме секоја намера на здравствен работник да оштети пациент на било кој начин и во било која форма. Во овој случај, итно е спроведена постапка за смена на докторот од раководната позиција во Болницата, а во консултација со Министерството за здравство и постапка за суспензија додека трае процесот на истражните органи, секако според важечките законски прописи, соопштија од Битолската клиничка болница.
Полицијата вчера го проведе М.С. (64) лекар и раководител на Хируршко одделение во ЈЗУ Клиничка болница-Битола, кој е осомничен за примање поткуп, а Основното јавно обвинителство во Битола предложи мерка притвор. мт/мд/
Фото: МИА