• сабота, 28 септември 2024

Клименко: Шест лица загинаа во руските напади врз градот Суми

Клименко: Шест лица загинаа во руските напади врз градот Суми

Киев, 28 септември 2024 (МИА) - Шест лица загинаа утринава во два последователни руски напади врз медицински центар во градот Суми, во североисточна Украина.

„Во првиот напад загина едно лице, а таваните на неколку ката од болницата беа оштетени. Почна евакуацијата на пациентите и персоналот“, напиша украинскиот министер за внатрешни работи Игор Клименко на Телеграм.

Тој додаде дека вториот напад се случил за време на евакуацијата, кога се убиени пет лица.

Нападите врз градот Суми и истоимената област зачестија откако украинската армија започна операција во соседниот руски регион Курск во август и зазеде десетици населени места.

Градот Суми е на само 32 километри од руската граница, а руските сили го напаѓаат регионот и градот со дронови и наведувани бомби.

Клименко не прецизираше кое оружје било употребено во денешните напади, но од регионалната управа соопштија дека нападот бил извршен со беспилотни летала. паг/

Фото: МИА архива


  
 

Остани поврзан