• четврток, 26 декември 2024

Клименко: Двајца украински полицајци загинаа при руско гранатирање

Клименко: Двајца украински полицајци загинаа при руско гранатирање

Киев, 26 февруари 2024 (МИА) - Двајца украински полицајци загинаа, а четворица се ранети при руско гранатирање во северниот регион Суми, изјави денеска министерот за внатрешни работи на Украина Игор Клименко.

Во објава на социјалната мрежа Телеграм, тој напиша дека истражен тим бил нападнат додека ја истражувал штетата предизвикана од претходниот руски напад.

„Телата на двајцата полицајци беа извадени од под урнатините“, рече Клименко. паг/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан