• четврток, 26 декември 2024

Климатските промени помеѓу здравствените предизвици на следната декада

Климатските промени помеѓу здравствените предизвици на следната декада
Женева, 16 јануари 2020 (МИА) - Климатската криза и климатските промени се помеѓу 13 здравствени предизвици во следните десет години, соопшти Светска здравствена организација (СЗО). - Државите многу вложуваат во заштитата на своите граѓани од терористички напади, но не и од напад од вирус, што би можел да бидат многу посмртоносен и да предизвика поголеми економски и социјални штети Здравјето е вложување во иднината, изјави генералниот директор на СЗО, Тедрос Адханом Гебреисус. СЗО дефинирајќи го климатските промени како една од 13 предизвици за следната деценија посочува дека загадениот воздух годишно убива околу седум милиони луѓе, така што доаѓа до екстремни временски појави и ширење на заразните болести како маларијата. - Истите емисии што предизвикуваат глобално затоплување одговорни се и за повеќе од една четвртина од смртните случаи од срцев удар, мозочен удар, рак на бели дробови и хроничните респираторни болести, посочи Гебреисус. Тој додаде дека светските лидери треба заедно да работат на решавање на здравствените последици од климатските промени. СЗО најави дека во текот на годинава ќе работи на развивање на сет политики за запирање или намалување на здравствените ризици од загадениот воздух. Покрај климатските промени, СЗО посочи и други предизвици за следната декада: пружање на здравствени услуги за време на судири и кризи, унапредување на здравствената заштита, проширување на пристапот до лекови, запирање на ширењето на заразни болести, подготовки за епидемии, заштита на луѓето од опасни производи, вложување во луѓето кои се грижат за нашето здравје, грижата за адолесцентите, добивање доверба од јавноста, користење на нови технологии, заштита на лековите што не штитат нас и одржување чиста здравствена заштита. ми/

Остани поврзан