• вторник, 24 декември 2024

Кичевските извидници за Денот на градот се искачија на врвот на планината Илиница

Кичевските извидници за Денот на градот се искачија на врвот на планината Илиница
Кичево, 11 септември 2021 (МИА) - Извидници на извидничкиот одред „Мирко Милески“ од Кичево денеска со искачување на врвот на планината Илиница го одбележаа Денот на градот - 11 Септември. - Нашиот извиднички одред денеска имаше целодневни активности во одбележување на 78- годишнината од првото ослободување на Кичево. Во претпладневните часови повеќе од 30 извидници од нашиот одред, го посетија Китиното Кале каде положија букети свежо цвеќе и се поклонија на жртвите  од времето на војната, информира началникот на одредот Бобан Стојаноски. Во попладневните часови извидниците, според планот, се искачија на врвот Репетитор на планината Илиница. - На нашите извидници им беше потребно нешто повеќе од еден час за да се искачат на највисоката кота на оваа планина, која речиси вертикално се надвиснува над Кичево, истакна Стојаноски, кој посочи дека искачувањето на Илиница го искористиле и да направат добро дело – собирајќи го отпадот што зад себе го оставиле неодговорни искачувачи, кои во изминатиот период се нашле на врвот Репетитор. Оваа практика на младите извидници е застапена при секое искачување на планинскиот врв, додаде Стојаноски, посочувајхќи дека кичевските извидници и во изминатите години и по други поводи се искачувале на врвот на планината Илиница и на тој начин го потврдувале другарството и заедништвото што владее меѓу нив и подготвеноста за поголеми физички напори, како што е искачувањето по стрмните падини. за/сп/

Остани поврзан