Кисела Вода ќе спроведе серија еко-проекти во соработка со „Гоу грин“ и „РЕДИ Рециклажа“
- Поддршка на младинските еко-политики преку реализирање на низа еколошки проекти беше договорено на средбата помеѓу градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, и претставниците на

Скопје, 29 април 2022 (МИА) - Поддршка на младинските еко-политики преку реализирање на низа еколошки проекти беше договорено на средбата помеѓу градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски и претставници на Здружението „Гоу Грин“ и Друштвото за управување и собирање на отпад „РЕДИ Рециклажа“.
Како што информираат од Општината, на состанокот, здруженијата биле информирани за досега реализираните активности во областа на екологијата и заштитата на животната средина.
