• среда, 13 ноември 2024

Кирјос се повлече од Вимблдон поради повреда на зглобот

Кирјос се повлече од Вимблдон поради повреда на зглобот

Лондон, 3 јули 2023 (МИА) - Ник Кирјос нема да се бори за трофејот на Грен слемот во Лондон. Финалистот од минатата години го откажа настапот поради повреда.

 

- Тажен сум оваа година морам да се повлечам од Вимблдон. Се трудев да се подготвам по операцијата и повторно да одам на терените на Вимблдон. Пред една недела во Мајорка ме болеше зглобот. За секој случај, направив снимка која истегнување на лигаментите на зглобот. Дадов максимум за да играм и жал ми е што можам да кажам дека едноставно немав време да се опоравам пред Вимблдон.

 

Австралиецот во јануари имаше операција на коленото. Оваа сезона тој се уште нема одиграно ниту еден официјален турнир.

 

Кирјос во првото коло требаше да игра со Давид Гофин. Вимблдон почнува денес и ќе с еигра до 16 јули. Бранител на трофејот е Новак Ѓоковиќ. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан