• недела, 15 декември 2024

Кирков: Арсовска не поднесе предлог буџет за 2025 во законски предвиден рок, на Град Скопје му се заканува целосна блокада

Кирков: Арсовска не поднесе предлог буџет за 2025 во законски предвиден рок, на Град Скопје му се заканува целосна блокада

Скопје, 11 декември 2024 

Почитувани претставници на медиумите, почитувана јавност,

Нема крај на скандалите кога станува збор за Данела Арсовска.

Арсовска сега не поднесе предлог буџет за 2025 година во законскиот предвиден рок. На град Скопје сега му се заканува целосна блокада.

Се случи тоа кое го предвидувавме со месеци наназад  и апелиравме неколку пати. Стравувавме дека сценариото за целосна блокада на Град Скопје може да стане реалност. Сега тоа и се случува.

Кумата на хаосот во Скопје, при крај на нејзиниот мандат поддржана од коалицијата  ЛЕВИЦА - СДС – ДУИ  продолжува со црните сценарија за град Скопје.

Во историјата на град Скопје до денес се нема случено да биде доведено во прашање функционирањето на градот во целина.

Без буџет за следната година град Скопје ќе биде под целосна блокада, нема да функционираат и онака нефункционалните  јавни претпријатија, установите во Град Скопје. Или ќе биде блокирана ионака нефункционалната Комунална хигиена, ЈСП, нема да функционираат  претпријатијата како Водовод, Паркови и зеленило, Улици и патишта, Градски паркинг, депонијата Дрисла, Лајка. Тука е и Градската библиотека Браќа Миладиновци, МКЦ, Културно информативниот центар, Музеј на Град Скопје, Зоолошка градина, Детски културен центар и останати.

Со еден збор град Скопје ќе доживее целосен мрак.

За работите да станат појасни,  вчера измина последниот ден за доставување на предлог буџет до Совет и до Град Скопје. Ова е рокот предвиден за работа на Градот и Советот, а објавен како документ во службено градско гласило.

Данела Арсовска не поднесе  буџет и со истото го остава Скопје, сите јавни претпријатија, установи и повеќе од милион жители да бидат нејзин заложник.

Како советничка група на ВМРО – ДПМНЕ ги повикуваме сите државни институции, Владата, веднаш да пристапат кон решавање на овој проблем!

Скопје не смее да биде заложник на Данела Арсовска подржана од СДС-Левица-ДУИ!

За ваков преседан кој го води Скопје кон целосен мрак, Данела Арсовска мора да одговара!

Со почит,

Прес-конференција на Стефан Кирков, советник од ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Град Скопје 

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

________________________________________________________________________________________ 

 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: ВМРО-ДПМНЕ 

 

Остани поврзан