Кире Лазаров најави пензија
- Тој потврди дека до крај ќе биде на располагање за нашата репрезентација.

Нант, 2 јули 2020 (МИА) - Капитенот на македонската ракометна репрезентација, Кире Лазаров ја игра последната сезона во својата кариера, објави тој во интервју за „Вечерњи лист“.
- Имам договор на уште една година и мислам дека тоа ќе биде крајот, нема повеќе смисла. Ќе останам во спортот како тренер, изјави Лазаров.
Тој потврди дека до крај ќе биде на располагање за нашата репрезентација.
- Кога веќе играм за Нант ќе играм и за македонската репрезентација, посочи бекот.