• вторник, 24 декември 2024

Кирби: Не видовме докази за белоруски трупи во Украина

Кирби: Не видовме докази за белоруски трупи во Украина
Вашингтон, 11 март 2022 (МИА)  - Не видовме никакви индикации дека белоруски трупи или сили се преселиле во Украина, изјави портпаролот Пентагон Џон Кирби, пренесува Би-Би-Си. - Не гледаме некакво скорешно учество на белоруските сили. Тоа не значи дека не може да се случи или дека нема да се случи, појасни Кирби. Украина рече дека стравува дека Белорусија би можела да се приклучи на руската инвазија во следните часови - и ја обвини Русија за бомбардирање на белоруско село за да се обиде да ја испровоцира Белорусија да се вклучи. Би-Би-Си информира дека тврдењето не може да го потврди од независни извори. Според официјалната белоруска новинска агенција Белта, Белорусија и Русија денеска се договориле Москва наскоро да го снабдува својот сојузник со најсовремена воена опрема. ссм/

Остани поврзан