• среда, 20 ноември 2024

Кирби: Лекарите на секретарот Остин мислат дека е можно да има потреба од дополнителна нега

Кирби: Лекарите на секретарот Остин мислат дека е можно да има потреба од дополнителна нега

Вашингтон, 14 јануари 2024 (МИА) - Портпаролот на белата куќа Џон Кирби денеска изјави дека лекарите на американскиот секретар за одбрана Лојд Остин сметаат дека тој можеби сè уште има потреба од дополнителна нега.

-Ќе видиме, знаете, кога ќе може да биде пуштен од болницата, но очигледно тие сè уште мислат дека можеби ќе му треба дополнителна нега... дел од тоа е само физикалната терапија, изјави Кирби за Си-Би-Ес.

Британските медиуми, цитирајчи го Кирби, пренесуваат дека меѓу американскиот претседател ЏоБајден и секретарот Остин  „има рутинска редовна комуникација“ и дека министерот е „активно вклучен и ангажиран“ од болницата.

„Остин останува хоспитализиран и е во добра состојба“, соопшти  вчера Пентагон, додавајќи дека се уште не знае точно кога ќе биде пуштен од болница.

Остин (70) на 22 декември беше примен во Националниот воено медицински центар „Волтер Рид“ во Мериленд заради лекување на рак на простата. Тој во болницата се врати  на 1 јануари поради компликации од уринарна инфекција и оттогаш е во неа.

Бајден пред два дена изјави дека министерот за одбрана требало да го извести за неговата болест, поради што е во болница, но нагласи дека се уште има доверба во шефот на Пентагон.

Бајден потврдно одговори на прашањето дали Остин направил грешка со тоа што не го известил за неговата болест. сд/

фото:МИА архива  

Остани поврзан