• среда, 20 ноември 2024

Кипар ќе набави 200.000 брзи тестови за Ковид-19

Кипар ќе набави 200.000 брзи тестови за Ковид-19
Никозија, 28 октомври 2020 (МИА) – Министерството за здравство на Кипар во следниот период ќе набави 200.000 брзи тестови за Ковид-19, од кои првите 50.000 ќе бидат достапни во следните десет дена, а ќе бидат наменети за тестирања во болниците и местата каде што се собираат голем број луѓе, како што се касарните, училишта и слично, јави дописничката на МИА од Атина. Набавката на брзите тестови, како што соопштуваат од надлежното Министерство, е во рамки на активностите за справување со зголемениот број новозаразени. Во изминатите денови и на Кипар е регистриран зголемен број нови случаи на Ковид-19, вчера беше соопштен 181 новозаболен, а од почетокот на епидемијата заразени се 3.817 лица. Брзите тестови веќе еден месец и половина се користат и во Грција, откако грчката Влада на почетокот на септември обезбеди 200.000 брзи тестови за Ковид-19. Еден дел беше искористен на грчкиот остров Лезбос кога бегалците и мигрантите се сместуваа во новиот привремен камп, а во изминатиот период  мобилни единици на Националната организација за јавно здравје на Грција, со брзите тестови се спроведуваат тестирања на жителите на различни населби во градовите со лоша епидемиолошка слика. ср/гт/

Остани поврзан