• сабота, 23 ноември 2024

Кипар подготвен да го спроведе планот за прием и репатријација на странски државјани од кризни подрачја

Кипар подготвен да го спроведе планот за прием и репатријација на странски државјани од кризни подрачја

Никозија, 13 август 2024 (МИА) – Кипар е подготвен за спроведување на специјалниот национален план „Естиа“ за прием и репатријација, преку територијата на земјата, на странски државјани од кризни региони, изјавил шефот на кипарската дипломатија Константинос Комбос за новинска агенција КИПЕ, додавајќи дека се преземени сите предвидени активности за евентуална евакуација на граѓани од Либан поради ситуацијата на Блискиот Исток, јави дописничката на МИА од Атина.

Националниот план „Естиа“ на кипарската Влада се однесува на прием, евакуација и репатријација на странски државјани од кризни подрачја преку територијата на Република Кипар.

Кипарската новинска агенција пишува дека во училиштата во градот Ларнака веќе се поставени кревети и подготвени се санитарни јазли за прием на граѓаните при евентуална евакуација на Либан, а министерот за надворешни работи на Кипар посочил дека активностите на Владата се од „хуманитарна природа“.

Објаснил дека со спроведувањето на планот „Естиа“, предвидени се организирани евакуации на граѓани преку Република Кипар, а потоа пренесување во земјите што се нивната крајна дестинација, како што било случај во при „хуманитарната помош што ја понудивме во 2006 и 2023 година“.

-Се преземаат сите неопходни активности во однос на сместувачките капацитети и зајакнување на нашите можности за привремен прием до заминувањето во земјите на потекло на лицата, истакнал Комбос.

Во однос на максималниот број луѓе што може да ги прими Кипар, рекол дека во 2006 година беа 60.000.

-Па така, можеме да примиме голем број, доколку заминуваат и не остануваат поголем временски период, порачал министерот за надворешни работи на Кипар за кипарската новинска агенција. ср/рп/

Остани поврзан