Кино гејминг на кино на отворено во Градскиот парк во Велес
- Општина Велес и Киноверзум ги покануваат велешани на кино гејминг - Кино на отворено, кое во рамките на „Велешко културно лето 2025“ ќе се одржи вечер и утревечер, 14 и 15 јули, во Градски парк со почеток во 19:00 часот.

Велес 14 јули 2025 (МИА) - Општина Велес и Киноверзум ги покануваат велешани на кино гејминг - Кино на отворено, кое во рамките на „Велешко културно лето 2025“ ќе се одржи вечер и утревечер, 14 и 15 јули, во Градски парк со почеток во 19:00 часот.
На програмата, вечерва, со почеток во 21:00 часот е предвидена и проекција на филмот „Мајнкрафт “, а утревечер, во истиот термин, проекција на македонскиот хит „Јон Вардар“.
Како што информираат на својата веб страница од Општина Велес, љубителите на филмската уметност, ќе имаат можност да учествуваат во гејминг дуели и потоа да уживаат во кино под ѕвездите, и истовремено да освојат и симболични награди.
Инаку, пријавувањето е директно на локацијата, а бројот на тимови е ограничен, информираат од Општина Велес. ад/вг/
Фото: плакат