• сабота, 09 ноември 2024

Кинески компании бараат извозниците да ги дезинфицираат пратките со месо

Кинески компании  бараат извозниците да ги дезинфицираат пратките со месо
Пекинг, 30 декември 2020 (МИА) - Кинеските увозници и преработувачи на месо ги повикаа извозниците од земјите во кои не е ставена под контрола пандемијата со Ковид-19, поригорозно да ги проверуваат пратките пред испораката. Кинеското здружение за месо соопшти дека се пријавени случаи кога луѓето биле заразени по контакт со контаминирана амбалажа со новиот коронавирус. Кина ја зајакна дезинфекцијата и тестирањето на замрзната храна откако откри Ковид-19 на производите од увоз и на амбалажата. Таквите мерки ги зголеми трошоците, ја наруши трговијата и ги вознемири главните извозници. ми/

Остани поврзан