Кинеските планови за шпионажа за Зимските олимписки игри 2022: Што треба да очекуваат спортистите
- Многу од светските влади ги советуваат своите спортисти да внимаваат додека се на Олимписките игри. Мерките вклучуваат користење на нови лаптопи, мобилни телефони, како и емајл адреси, но и н

29 јануари 2022
Дипломат (The Diplomat) - Вашингтон
Додека светот се подготвува за Зимските олимписки игри во Пекинг, спортистите ќе треба да се борат со повеќе од самото натпреварување во избраниот спорт. Кинеската Влада ќе спроведе опсежни напори за надзор со цел да ја обезбеди безбедноста на сите инволвирани, да се контролира ширењето на Ковид-19, како и да им служи на политичките интереси на Кина. Токму последново е особено загрижувачко.
Националната слика на Кина пред светот е од најголема важност за владејачката Кинеска комунистичка партија (ККП). Зошто Кина би се чувствувала загрозено од професионални спортисти? Од каков можен интерес би биле личните животи, постапките, како и мислењата на светските спортисти за моќниот режим на Кина? На крајот на краиштата, овие спортисти не ги поминале своите животи во самопожртвуваност и напорна обука само за да шпионираат во Кина. Тие ќе немаат пристап до кинески владини објекти, високи функционери или државни тајни. Зошто тогаш Кина би ги шпионирала? Одговорот е - за да се заштити сликата на Кина.
Да си го зачува лицето е особена параноја за ККП, тоа е она што ја одржува кинеската диктатура. Заштитувањето на имиџот на ККП ги натера кинеските лидери да се создаде најнапредната и најраспространета способност за цензура во светот, ефикасно да стане првата дигитална авторитарна нација. Кина ги ограничува сите информации кои се објавуваат до или од граѓаните и е позната по тоа што присилува или напаѓа која било странска влада, компанија или јавна личност што ќе ја критикува Кина или нејзините правила. Спортистите не се исклучок.
Прво, спортистите мора да бидат свесни дека информациите што ги даваат за нивните апликации за виза се искористени за создавање датотеки и разузнавање преку отворени извори на информации за нив. Тој истражувачки напор ги идентификува и става спортистите во најмалку, две категории: прва, оние кои имаат јавни мислења кои ККП ги смета за заканувачки, како што се работи поврзани со демократија, слобода, човекови права, Ујгури, Тибет, малцинства, Хонг Конг, правата на жените, хомосексуалност, како и/или трансродови прашања. Во другата категорија, оние кои имаат јавни изјави за поддршка на Кина - тоа што ККП би го нарекла „пријатели на Кина“. Првата група може да го загрози имиџот на Кина со давање јавни изјави на Зимските олимписки игри, додека втората група може да се искористи за да ја претстави Кина во позитивно светло.
Без разлика на категоријата, спортистите можат да очекуваат да им бидат пресретнати сигналите на нивните мобилни телефони по престигнувањето во Пекинг. Кулите за мобилни телефони ќе снимаат сè од метаподатоци до вистинската содржина на пораките. Собраните информации ќе бидат пренесени до кинеското Министерство за јавна безбедност. Постојат неколку закони за национална безбедност, кои бараат компаниите да им ги обезбедат сите комуникации и поврзани информации на државните разузнавачки и безбедносни служби по нивно барање. Има и извештаи од Кина за криминални организации кои користат лажни кули за мобилни телефони за да соберат лични информации на индивидуи и да ги искористат за различни шеми за измама.
Пекинг бара сите спортисти да ја инсталираат апликацијата за смартфони наречена MY2022 за да даваат здравствени и податоци за патување, додека престојуваат во Кина. Граѓанската лабораторија на Универзитетот во Торонто објави дека апликацијата има значителни недостатоци во шифрирањето и безбедноста и список со цензура - иако моментално неактивен - од 2.442 „илегални зборови“. Безбедносните недостатоци се со дизајн кој им дозволува на властите пристап до мобилните телефони. Ваквите суптилни пристапи се вообичаени меѓу разузнавачките служби.
Штом пристигнат во Олимпиското село, спортистите ќе бидат дочекани со бројни физички и мерки за безбедност на информациите. Опсежните безбедносни мерки ќе бидат отворено соопштени како неопходност за да се заштитат спортистите од Ковид-19 - Кина не сака да го стави нивното здравје на ризик, бидејќи тоа би ги посрамотило кинеските лидери пред светот. Затоа, спортистите ќе имаат ограничен пристап до места и луѓе. Оваа практика е стандард за настани од големи размери.
Пекинг вети дека ќе им обезбеди на олимпијците пристап до интернет на официјални места и хотели, што ќе им овозможи да го заобиколат големиот заштитен ѕид и ќе можат да посетат веб-страници банирани во Кина - од Фејсбук и Твитер до Џимеил и Јутјуб, како и многу странски информативни сајтови. Тој пристап со сигурност ќе се следи. Компаниите учеснички кои обезбедуваат комуникации и мрежна поддршка, како Huawei Technologies Co. and Iflytek Co. тесно соработуваат со Министерството за јавна безбедност во Кина. Двете компании се на списоци на САД за одбивање на извоз и Хуавеј беше обвинет во американските граѓански и кривични судови за комерцијална шпионажа. За собирање на лични податоци, од странски земји банирани се уште неколку други даватели на ИТ услуги.
Сите комуникации преку лап-топ ќе бидат надгледувани и обезбедени, речиси веднаш, за кинеските служби за безбедност. Кинескиот закон налага да се користат провајдери на виртуелна приватна мрежа (ВПН) одобрени од владата за пристап на интернет. При користење на неодобрени, може да дојде до кривична пријава против индивидуата.
Со следење на мобилните телефони, системи за видео надзор, како и технологијата со препознавање на лице ќе се набљудува движењето на секој спортист. Кина го има најсофистицираното препознавање на лица и соодветната вештачка интелигенција во светот, делумно благодарение на соработките со американски универзитети и бизниси.
Како се однесува лицето, исто така ќе биде набљудувано и каталогизирано од кинеската влада. Олимписките спортисти се познати по нивните славенички забави по завршување на обврските. Како што може и да се очекува, најголемиот дел млади во нивните дваесетти години, во извонредна физичка кондиција, доаѓајќи од најстресниот и веројатно значаен настан во нивните животи, сакаат да се опуштат. Всушност, за време на Летните олимписки игри во Токио, јапонската влада направи рамки за кревети од тврд картон за да спречи какви било „скокање на кревет“ прослави.
Кина внимателно ќе го следи однесувањето на спортистите, вклучувајќи ги и нивните разговори. Со децении, кинеските министерства за државна и јавна безбедност одржуваа електронски уреди за прислушкување во хотели посетени од странци. Веројатно тие безбедносни служби ќе го направат истото во Олимпиското село доколку се смета дека е потребно. Информацијата може да биде веднаш искористена или чувана за идни прилики.
Политиката на пиедесталот ќе се следи многу внимателно. Ова претставува голема грижа за Пекинг. Во последните години, повеќе спортисти одбраа да го искористат моментот на победничкиот пиедестал за да се осврнат на некое политичко или социјално прашање. Кинеската влада ќе внимава на такви постапки. Секое јавно прикажување или изјава за кое било прашање што се смета за навредливо, ќе биде ограничено на кинеските преноси, а веројатно и на глобалната публика.
Многу од светските влади ги советуваат своите атлетичари да внимаваат додека се на Олимписките игри. Мерките вклучуваат користење на нови лаптопи, мобилни телефони, како и емајл адреси, но и никогаш да не влегуваат во налозите со редовни пасворди, што би резултирало со компромитирање на сметката. Уреди кои ќе се однесат во Пекинг не би требало да се користат - или барем да се исчистат добро - по враќањето.
Потресени од скандали со измами, интернационални политики, пандемии, како и губење на гледаност, Олимписките игри продолжуваат да страдаат во сè поциничен и разочаран свет. Големиот сон за обединување на светот преку спорт е на „апарати за дишење“. Со тоа што ќе бидат подготвени, свесни, и заштитувајќи се себеси во Кина, спортистите може да работат за да го зачуваат тој голем сон во живот и да избегнат да станат пиони во играта помеѓу нации. бд/ссм/


