• понеделник, 23 декември 2024

Кинескиот претседател ќе присуствува на Самитот на Шангајската организација за соработка

Кинескиот претседател ќе присуствува на Самитот на Шангајската организација за соработка

Пекинг, 30 јуни 2024 (МИА) - Кинеското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека претседателот Си Џинпинг од 2 до 6 јули ќе присуствува на 24-тиот Самит на Шангајската организација за соработка (ШОС) во Астана, како и дека ќе престојува во службена посета на Казахстан и Таџикистан.

На веб-страницата на кинеското Министерство се наведува дека посетата на Казахстан и Таџикистан ќе биде организирана по покана на раководствата на тие држави од Централна Азија.

Политичката и безбедносната групација Шангајската организација за соработка беше основана од Кина и Русија во 2001 година. ссм/

фото: архива

Остани поврзан