• петок, 05 декември 2025

Кинескиот премиер Ли во посета на Северна Кореја

Кинескиот премиер Ли во посета на Северна Кореја

Пекинг, 7 октомври 2025 (МИА) – Премиерот на Кина, Ли Кечијанг од 9 до 11 октомври ќе престојува во Северна Кореја, каде ќе присуствува на настани по повод 80-годишнината од формирањето на владејачката Работничка партија на Кореја во Пјонгјанг, соопшти денес кинеското Министерство за надворешни работи.

Во соопштението се наведува дека двете земји се „традиционални пријатели и партнери“ и се нагласува „непоколебливата стратешка политика“ на кинеската Влада и владејачката Комунистичка партија за „одржување, консолидирање и развивање“ на односите со Северна Кореја.

На прославата по повод формирањето на Работничката партија на Кореја, севернокорејската државна новинска агенција КЦНА јави дека ќе присуствуваат и претседателите на Виетнам и на Лаос, То Лами и Тонглун Сисулит. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан