• среда, 25 декември 2024

Кинеската војска секогаш останува посветена сила во одржувањето на мирот и стабилноста во светот

Кинеската војска секогаш останува посветена сила во одржувањето на мирот и стабилноста во светот
Скопје, 30 јули 2021 На 1 август 2021 година се одбележуваат 94 години од основањето на кинеската Народноослободителна армија (КНА). Изминатите 94 години сведочеа за славни достигнувања направени од КНА под силно раководство на Комунистичката партија на Кина (КПК). По борбите во војни и надминување на тешкотиите со огромна жртва, кинеската Народноослободителна армија постави солидна основа за воспоставување на нова Кина каде народот е господар на својата земја, обезбеди моќна поддршка за заштита на националниот суверенитет, безбедност и развојни интереси и дадоа голем придонес за одржување на мирот и стабилноста во светот. Кина непоколебливо ќе го следи патот на мирен развој. На 1 јули оваа година, Генералниот Секретар Ши Јинпинг одржа важен говор на прославата на 100-годишнината од основањето на Комунистичката партија на Кина (КПК), сеопфатно го разгледа славниот тек на напорите на КПК во минатиот век и свечено прогласи дека националното подмладување на Кина стана историска неизбежност. Под силно раководство на Централниот комитет на КПК со другарот Ши Јинпинг во неговото јадро, повеќе од 95 милиони кинески комунисти и 1,4 милијарди Кинези се обединуваат како едно, го поддржуваат и развиваат социјализмот со кинески карактеристики и продолжуваат да напредуваат по правилниот пат на нашиот сопствен избор. Кина води независна надворешна политика на мир и се придржува кон принципот на взаемно немешање во внатрешните работи. Кина никогаш нема да бара хегемонија, експанзија или сфера на влијание, ниту пак Кина ќе се вклучи во трка со вооружување, без оглед на сопствениот развој. Кинеската војска отсекогаш играла активна улога како праведна сила за светскиот мир и развој. Од 1990 година, кинеската војска учествуваше во 25 мировни операции на Обединетите нации и испрати вкупно повеќе од 40.000 мировни офицери и војници, што ја прави Кина најголем придонесувач на мировници меѓу постојаните членки на Советот за безбедност на Обединетите нации. Кина секогаш ја поддржува визијата за заедница со заедничка иднина за човештвото. Во историјата, Кина одамна е една од најмоќните земји во светот, но нема податоци за каква било колонизација или инвазија врз други земји. Гледајќи наназад во историјата на последните 100 години, човештвото доживеа и крвава жешка војна и ледена студена војна. Како резултат, единството, соработката и заедничкиот развој станаа заеднички стремеж на човештвото во последните 100 години. Додека зборуваме, претрпувајќи длабоки промени невидени во еден век и влијанието на Ковид-19, светот влезе во период на промени и турбуленции. Како одговор, Кина ги повикува сите земји да одговорат на повикот на нашето време и да продолжат да бараат заедница со заедничка иднина за човештвото. Кинескиот народ секогаш го гледа целиот свет како едно големо семејство. Мирот, согласноста и хармонијата се идеи што кинеската нација ги следеше и ги пренесуваше повеќе од 5.000 години. Од основањето на Народна Република Кина во 1949 година, веруваме дека земјите, без оглед на нивната големина, сила и богатство, се еднакви членки на меѓународната заедница. Кина верува дека треба да ги решиме сите меѓународни спорови, како и горливи прашања преку дијалог, консултации и мирни средства. Кина цврсто се спротивставува на употребата на закана или употреба на сила. Кина останува цврста во својата посветеност да воспостави нова форма на меѓународни односи со взаемно почитување, правичност, правда и win-win добитна соработка од која сите ќе имаат корист. Кина цврсто ги отфрла сите форми на хегемонија и малтретирање. Кина се придржува до промовирањето на траен мир и безбедност во глобалното село. Кина цврсто го поддржува меѓународниот поредок со Обединетите нации во нејзиното јадро, се залага за концептот на заедништво, сеопфатност, кооперативност и одржлива безбедност, и ја почитува и гарантира безбедноста на секоја земја. Мирот е како воздух и сончева светлина. Имаме корист од нив без да го сфатиме нивното присуство. Но, тешко е да преживееме без нив. Кинеската војска придава значење на проширување на комуникацијата и размените со војските на другите земји, активно учествува во глобалното управување со безбедноста и е подготвена да работи заедно со војските ширум светот за заеднички да формира заеднички безбедносен модел, да обезбеди јавни добра на безбедност за меѓународната заедница и од која ќе имаат корист народите ширум светот на различни начини. Од избувнувањето на епидемијата со КОВИД-19, Кина активно се вклучи во меѓународната соработка за борба против епидемијата и продолжи да обезбедува јавни добра на меѓународната заедница. Досега, Кина обезбеди повеќе од 500 милиони дози вакцини и неразредени раствори за вакцини на повеќе од 100 земји и меѓународни организации, што е еднакво на една шестина од вкупното глобално производство на вакцини. Во мај 2021 година, и покрај ограничувањата на сопствениот производствен капацитет на Кина, Кинеската народна ослободителна армија (КНА) донираше 100.000 дози на вакцини Синофарм за армијата и луѓето од Северна Македонија, придонесувајќи со силата на Кина во борбата против епидемијата во Северна Македонија, сликовито демонстрирајќи ја одговорноста и посветеноста на армијата на голема нација. Кина инсистира на водење на национална одбранбена политика која има одбранбена природа. Кина ги одржува потребните сили за национална одбрана и го одржува глобалниот стратешки баланс. Кинескиот народ го сака мирот и никогаш не презема иницијатива да предизвикува проблеми, но никогаш не се плаши од нив. Кинеските вооружени сили одлучно ќе ги штитат легитимните права и интереси на земјата, ќе ги поразат сите непријатели што ги напаѓаат. Тие настојуваат да обезбедат стратешка поддршка за консолидирање на раководството на КПК и социјалистичкиот систем, зачувување на националниот суверенитет, единство и територијален интегритет, заштита на прекуокеанските интереси на Кина и промовирање на светскиот мир и развој. На церемонијата по повод стогодишнината од КПК на 1 јули, Генералниот Секретар Ши Јинпинг му даде свечено ветување на светот дека Кина секогаш ќе биде градител на светскиот мир, придонесувач за глобалниот развој и бранител на меѓународниот поредок. Кина започна ново патување за изградба на модерна социјалистичка земја на сеопфатен начин. Кинеските вооружени сили верно ќе го спроведат концептот на заедница со заедничка иднина за човештвото и сеопфатно ќе ја промовираат меѓународната воена соработка во новата ера. Кина е подготвена да работи со сите страни во регионот и меѓународната заедница за да даде поголем придонес кон просперитетот и развојот на светот, да вложи поголеми напори за меѓународна правичност и правда и да игра поголема улога за заедничката безбедност на светот. Автор: Н.Е. Џанг Ѕуо, амбасадор на Народна Република Кина во Република Северна Македонија __________________________________________________________________   МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан