• петок, 26 јули 2024

Кинези со апликација избегнуваат места каде има заразени од коронавирус

Кинези со апликација избегнуваат места каде има заразени од коронавирус
Пекинг, 3 февруари 2020 (МИА) - Кинеските граѓани користат апликации за да избегнат квартовите каде што е присутен коронавирусот. Компаниите QuantUrban и WeChat дизајнирале платформи кои ги преземаат официјалните информации за квартовите со потврдени случаи на коронавирус и ги претвораат во мапи што им помагаат на корисниците да ги избегнуваат тие места. Мапите на QuantUrbana, кои можат да се отворат во интернет пребарувачите, опфаќаат уште девет градови во покраината. „Шенжен би можел да има поголема епидемија во следните неколку дена, а податоците од Владата слабо се објавуваат, вели Ејприл, менаџерка од Шенжен, кој одби да му го даде целосното име. „Погледот на мапата дава психолошко олеснување. Не можете да знаете дали ќе има нови случаи, но можете да ја избегнете областа што веќе е погодена, истакна таа. Двете платформи се потпираат на работата на волонтери, кои секојдневно ги ажурираат информациите за коронавирусот. ссм/  

Остани поврзан