• сабота, 23 ноември 2024

Фенг: Кина ќе ја спречи најавената посета на потпретседателот на Тајван на САД

Фенг: Кина ќе ја спречи најавената посета на потпретседателот на Тајван на САД

Пекинг, 20 јули 2023 (МИА) - Приоритет на Кина е да ја спречи најавената посета на тајванскиот потпретседател и претседателски кандидат Вилијам Лаи на САД следниот месец, изјави кинескиот амбасадор во Вашингтон, Ши Фенг.

Кинескиот амбасадор вчера повтори дека Кина сака мирно обединување со Тајван, но дека тајванските „сепаратисти“ продолжуваат да бараат поддршка од САД.

-Тие дури и не признаваат дека се Кинези. Значи, ова е многу опасен пат по кој одат, рече Фенг.

Планирано е Лаи следниот месец да ги посети САД, на пат за Парагвај, каде ќе присуствува на инаугурацијата на новиот претседател, и потоа и на враќањето од оваа латиноамериканска земја.

Во Тајван во јануари ќе се одржат претседателски и парламентарни избори, а Лаи ќе биде претседателски кандидат на владејачката Демократска напредна партија (ДПП) и според повеќето анкети тој е фаворит, пренесуваат британските медиуми.

Во август минатата година тајван го посети тогашната претседателка на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси, а во април годинава во САД кусо време престојуваше актуелната тајванска претседателка, Цаи Инг-вен, кога во Лос Анџелес се сретна со актуелниот претседател на Претставничкиот дом, Кевин Мекарти, при враќањето од посетата на Централна Америка. сд/

Остани поврзан