• среда, 04 јуни 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Кина ја лансира мисијата „Шенжу-20“ со екипаж

Кина ја лансира мисијата „Шенжу-20“ со екипаж

Пекинг, 23 април 2025 (МИА) - Кинеската Национална вселенска администрација утре ќе ја отпочне мисијата „Шенжу-20“ со посада, до својата вселенска станица, од Центарот за лансирање на сателити „Џиукван“ во северозападна Кина, соопштија властите. 

Кинеските астронаути Чен Донг, Чен Жонгжу и Ванг Жи се дел од мисијата. За време на престојот во Земјината Орбита, „Шенжу-20“ ќе прифаќа задачи од товарниот вселенски брод „Тијанжу-9“ и вселенското летало „Шенжу-21“ со екипаж.

Екипажот на „Шенжу-20“ треба да се врати на Земјата кон крајот на октомври оваа година.  си/

Фото: Фејсбук-видеоснимка, фотоисечок

 

Остани поврзан