• вторник, 20 август 2024

Кина со најмногу златни одличја пред завршниот олимписки ден

Кина со најмногу златни одличја пред завршниот олимписки ден

 

Париз, 11 август 2024 (МИА) – Пред денешниот завршен ден на Олимписките игри во Париз на табелата со освоени медали водат кинеските олимпијци со едно златно одличје повеќе од САД.

На 16. ден на Игрите ќе се одржат натпреварувања во девет спортови и во сите ќе бидат поделени медали.

Натпреварувачкиот дел стартуваше утрово со женскиот маратон, а ќе кулминира со женското кошаркарско финале.

Церемонијата на свеченото затворање на Игрите ќе стартува во 21 часот.

Табела со освоени медали:

Кина 39-27-24 (90)

САД 38-42-42 (122)

Австралија 18-18-14 (50)

Јапонија 18-12-13 (43)

Франција 16-24-22 (62). ег ФОТО: Икс

Остани поврзан