• понеделник, 31 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Кина: Новите царини на Трамп се закана за глобалната економија

Кина: Новите царини на Трамп се закана за глобалната економија

Пекинг, 27 март 2025 (МИА) - Кина оцени дека воведувањето на царини од 25 отсто на увозот на автомобили, што го наложи американскиот претседател Доналд Трамп, „нема да ѝ помогне на САД да ги реши своите проблеми“, јавуваат кинеските државни медиуми.

Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Гуо Џиџјакун, го изнесе овој став на редовна прес-конференција, повикувајќи ги САД да се откажат од воведувањето нови тарифи.

- Забележавме дека главните трговски партнери на САД веќе реагираа, изјави Гуо, откако Трамп вчера потпиша извршна наредба со која се воведуваат 25-процентни царини на увозот на странски автомобили и лесни камиони, продолжувајќи ја својата политика на зголемување на увозните такси.

- Во трговските и царинските војни нема победници, а ниту една земја не може да постигне развој и просперитет со наметнување на царини, додаде портпаролот.

Гуо истакна дека американската одлука ги крши правилата на Светската трговска организација (СТО), го поткопува мултилатералниот трговски систем и ги загрозува глобалните економски интереси. ссм/

фото: архива

Остани поврзан