• среда, 27 ноември 2024

Кина и Мјанмар главни теми на Самитот на АСЕАН, што почна денеска во Џакарта

Кина и Мјанмар главни теми на Самитот на АСЕАН, што почна денеска во Џакарта

Џакарта, 5 септември 2023 (МИА) - Во индонезиската престолнина Џакарта денеска почна Самитот на Асоцијацијата на нациите од Југоисточна Азија (АСЕАН), каде се очекува да доминираат кризата во Мјанмар и тензиите во Јужното Кинеско Море.

Индонезискиот претседател Џоко Видодо денеска, на отворањето на Самитот на Асоцијацијата на нациите од Југоисточна Азија (АСЕАН) во Џакарта изјави дека блокот не треба да биде вовлечен во ривалството на светските сили и треба да ја потврди својата посебна позиција.

Видодо посочи дека АСЕАН треба да осмисли долгорочна стратегија за своите активности со цел да постигне мир, стабилност и напредок.

Како што е најавено, на Самитот ќе се разговара за граѓанските судири во Мјанмар, новите тензии во спорното Јужно Кинеско Море и долгогодишното ривалство меѓу САД и Кина.

По Самитот на АСЕАН ќе биде проследен со разговори со Пекинг, Вашингтон и други сили подоцна оваа недела на самитот во Источна Азија организиран од лидерите на АСЕАН, каде што САД ќе бидат претставени од потпретседателката Камала Харис во отсуство на претседателот Џо Бајден. ссм/

фото: ЕПА

Остани поврзан