• четврток, 04 декември 2025

Кина и Индија договорија одржување на динамиката во билатералните односи

Кина и Индија договорија одржување на динамиката во билатералните односи

Пекинг, 19 август 2025 (МИА) – Кина и Индија се согласија да ја задржат позитивната динамика на своите билатерални односи, јави Синхуа.

Консензусот беше постигнат за време на разговорите меѓу кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји и неговиот индиски колега Субраманјам Џајшанкар.

Ванг изјави дека светот се соочува со брзи промени, еднострани практики на притисок и предизвици за слободната трговија и меѓународниот поредок.

- Како најголеми земји во развој, со население од над 2,8 милијарди луѓе, Кина и Индија мора да покажат глобална одговорност, да дејствуваат како големи сили и да бидат пример за другите земји во поттикнувањето на мултиполарен свет и демократизација на меѓународните односи, рече Ванг.

Тој нагласи дека двете земји постепено ги обновуваат размените и дијалогот на сите нивоа и дека на границата се одржува мир и стабилност.

- Односите меѓу Кина и Индија покажуваат позитивен тренд кон враќање на соработката, додаде кинескиот министер. ссм/

фото: архива

Остани поврзан