• среда, 13 ноември 2024

Кина испитува 11 вакцини против Ковид-19, од кои четири се во трета фаза

Кина испитува 11 вакцини против Ковид-19, од кои четири се во трета фаза
Пекинг, 19 септември 2020 (МИА) - Кина во моментот врши клинички испитувања на 11 потенцијални вакцини против Ковид-19, а четири од нив се во трета фаза, изјави кинескиот министер за наука и технологија Ванг Џиганг. Истражувачите и научниците ширум светот непрекинато работат на развој на вакцина против новиот коронавирус, како најефикасно решение против пандемијата. Претходно, кинескиот Центар за контрола и спречување на болести (ЦДЦ) соопшти дека вакцините против новиот коронавирус што се развиваат во Кина би можеле да бидат достапни за јавност во ноември. Кинеската државна фармацевтска компанија „Синофарм“ и „Синовак биотеч“ развиваат три вакцини во рамките на државната програма, додека четвртата ја развива „КанСино биолоџикс“, чија употреба во кинеската армија беше одобрена во јуни. ми/

Остани поврзан