• петок, 27 декември 2024

Кина го лансира првиот 6G сателит во вселената

Кина го лансира првиот 6G сателит во вселената
Пекинг, 7 ноември 2020 (МИА) – Кина успешно го лансираше во вселената првиот 6G сателит во светот со цел да ја тестира технологијата. Од Центарот за лансирање сателити Таијуан во провинцијата Шанкси лансирани сè уште 12 други сателити, јави Би-Би-Си. Ќе се тестира технологија со голема брзина, која ќе биде еден од основните елементи на комуникациите од шестата генерација. Сателитот исто така носи технологија што ќе се користи за следење на уништување на посеви и спречување на шумски пожари. Сателитот 6G беше меѓу трите кинески сателити кои беа успешно лансирани во орбитата, заедно со 10 комерцијални сателити за далечински мониторинг развиени од аргентинската компанија Сателоџик. јт/

Тагови

Остани поврзан