Кина бара да не се политизираат трговијата и технологијата откако Јужна Кореја го забрани ДипСик
- Официјален Пекинг соопшти денеска дека „релевантните земји“ не треба да ја „политизираат трговијата и технологијата“, откако Јужна Кореја објави дека кинеската апликација за вештачка интелигенција ДипСик (DeepSeek) нема да биде достапна за преземање додека трае ревизијата на нејзините процеси за управување со податоците.

Пекинг, 17 февруари 2025 (МИА) - Официјален Пекинг соопшти денеска дека „релевантните земји“ не треба да ја „политизираат трговијата и технологијата“, откако Јужна Кореја објави дека кинеската апликација за вештачка интелигенција ДипСик (DeepSeek) нема да биде достапна за преземање додека трае ревизијата на нејзините процеси за управување со податоците.
- Се надеваме дека релевантните земји ќе избегнат преземање мерки кои го прошируваат концептот на безбедност или ја политизираат трговијата и технолошките прашања, изјави портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Гуо Ѓиакун, на редовната прес-конференција во Пекинг. ссм/
фото: архива