• сабота, 23 ноември 2024

Кина го скрати карантинот за патници

Кина го скрати карантинот за патници
Пекинг, 11 ноември 2022 (МИА) - Кина одлучи да ублажи дел од ограничувањата воведени поради коронавирусот, соопштија денеска нејзини здравствени претставници. Меѓу другото, за два дена ќе биде скратен карантинот за блиски контакти на заболените, како и за патниците кои доаѓаат во земјата, а ќе бидат укинати и казните за авиокомпаниите поради донесување заразени патници, јавија дел од британските медиуми. Според новите правила, луѓето кои имале близок контакт со заразено лице, имаат обврска пет дена да престојуваат во централен карантин и потоа уште три во дополнителна самоизолација. Истото важи и за патниците кои доаѓаат во Кина. Дел од медиумите пишуваат дека досега, за време на престојот во централен карантин, патници имале должност да направат пет ПЦР тестови. бд/сд/

Остани поврзан