• среда, 02 октомври 2024

Ким Џонг-ун се појави во јавност по 22 дена

Ким Џонг-ун се појави во јавност по 22 дена
Пјонгјанг, 16 февруари 2020 (МИА) - Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун денеска првпат се појави во јавност по три недели отсуство. Тој го посети мавзолејот во Пјонгјанг каде се чуваат балсамираните тела на неговиот татко и дедо, јавија севернокорејските медиуми. Ким го посети мавзолејот на 78 години од раѓањето на неговиот татко Ким Џонг-ил. Шеснаесетти февруари или Денот на сјајната ѕвезда е важен празник во Северна Кореја, каде политичката класа го следи култот на личноста на владејачкото семејство. Ким Џонг-ил почина во 2011 година. Исчезнувањето на Ким од јавноста ги поттикна спекулациите дека тој се плаши од новиот коронавирус, кој се шири во Азија и во светот. Засега нема информации за евентуално заразени лица со новиот коронавирус. Севернокорејските медиуми неодамна објавија дека се спроведува 30-дневен карантин за сите лица за кои се сомнева дека се заразени. ми/
vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан