Ким Џонг-ун го пречека Лукашенко во Пјонгјанг
- Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун го пречека белорускиот претседател Александар Лукашенко во Пјонгјанг, објавија севернокорејските државни медиуми нагласувајќи ги и блиските врски меѓу двајцата сојузници на рускиот претседател Владимир Путин.
Пјонгјанг, 26 март 2026 (МИА) - Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун го пречека белорускиот претседател Александар Лукашенко во Пјонгјанг - објавија севернокорејските државни медиуми нагласувајќи ги и блиските врски меѓу двајцата сојузници на рускиот претседател Владимир Путин.
Лукашенко го посети мавзолејот „Кумсусан“ во Пјонгјанг за да им оддаде почит на починатите севернокорејски лидери и им подари букет испратен од Путин, покрај корпа со цвеќе во негово име.

Лукашенко и неговата делегација беа пречекани од Ким со поздрав од 21. артилерија и парада од севернокорејската воена почесна гарда. Жителите на Пјонгјанг и учениците ги мавтаа знамињата на двете земји. мс/ссм/
фото: ЕПА