• петок, 05 декември 2025

Киев: Шест цивили загинаа во новите руски напади врз Украина

Киев: Шест цивили загинаа во новите руски напади врз Украина

Киев, 13 август 2025 (МИА) - Најмалку шест цивили се убиени, а 15 се повредени во руските напади врз повеќе украински региони во последните 24 часа, соопштија локалните власти.

Украинските воздушни сили утрово објавија дека Русија ноќеска лансирала 51 дрон и ракета врз цели во Украина.

Во Херсонската област, една личност загинала, а четири се повредени во напади врз станбени зони, соопшти гувернерот Олександр Прокудин. Во одвоени утрински напади во Чорнобаивка и Берислав биле убиени уште три лица.

Две лица загинале во Донецката област, а едно во Запорожје. ссм/

фото: архива

Остани поврзан