• сабота, 06 декември 2025

Киев: Русија во текот на ноќта истрела 598 дронови и 31 ракета во масовниот напад врз Украина

Киев: Русија во текот на ноќта истрела 598 дронови и 31 ракета во масовниот напад врз Украина

Киев, 28 август 2025 (МИА) - Русија во теот на ноќта истрела 598 дронови и 31 балистичка и крстосувачка ракета во масовниот напад врз Украина, соопштија украинските воздухопловни сили, цитирани од француските медиуми.

Според прелиминарните податоци, 563 борбени и  дронови мамки, како и 26 ракети, биле соборени или нивните сигнали биле блокирани, соопштија украинските воздухопловни сили во соопштението.

Украинскиот систем оператор соопшти дека рускиот напад во текот на ноќта оштетил енергетски објекти во неколку украински региони, предизвикувајќи локални прекини на електричната енергија.

Нападот врз критичната инфраструктура во Виничкиот регион во централна Украина остави 60.000 корисници без електрична енергија, изјави денес локалната функционерка Наталија Заболотна, цитирана од британските медиуми.

Во ноќешниот напад врз една станбена петкатна зграда во Киев досега се извлечени телата на 14 загинати, а уште 48 лица се здобиле со полесни и потешки повредени.

-Меѓу загинатите има две деца, изјави министерот за внатрешни работи Игор Клименко, повикувајќи се на прелиминарни информации. 

Се очекува бројот на жртви да се зголемува.сд/ 

фото:Х

 

Остани поврзан