• недела, 17 ноември 2024

Киев и Загреб се договорија за користење на хрватските пристаништа за извоз на украинско жито

Киев и Загреб се договорија за користење на хрватските пристаништа за извоз на украинско жито

Киев, 31 јули 2023 (МИА) - Властите на Хрватска и Украина денеска во Киев постигнаа договор за користење на хрватските пристаништа за извоз на украинско жито

Како што се наведува во соопштението на хрватското Министерство за надворешни работи, ова е резултатот од денешните разговори на шефот на украинската дипломатија Дмитро Кулеба и хрватскиот министер за надворешни и европски работи Гордан Грлиќ-Радман.

„Се договоривме за можноста за користење на хрватските пристаништа на Дунав и Јадранското Море за транспорт на украинско жито. Сега ќе работиме на воспоставување на најефикасни рути до овие пристаништа и максимално ќе ја искористиме оваа можност. Секој придонес за деблокирање на извозот е вистински, ефективен придонес за безбедноста на снабдувањето со храна во светот. Благодарам Хрватска за конструктивната помош“, рече Дмитро Кулеба.

Според него, главна тема на денешните разговори било оружјето. Министрите разговараа и за подготовките за Меѓународната донаторска конференција за деминирање во Украина, што ќе се одржи во Загреб во октомври.

Министерството за надворешни работи соопшти дека преговорите и прес-конференцијата во Киев се одвивале во „хибриден формат“. Дмитро Кулеба учествуваше во онлајн режимот, бидејќи беше во самоизолација по позитивен тест за Ковид-19.

Грлиќ-Радман на Икс (Твитер) објави дека дошол во Киев со цел да постигне договор за продолжување на помошта на Хрватска за Украина. ссм/

фото: Икс (Твитер)

Остани поврзан