• понеделник, 23 декември 2024

Кејт Мидлтон со порака до оние кои се борат со алкохолизам

Кејт Мидлтон со порака до оние кои се борат со алкохолизам

Лондон, 31 октомври 2022 (МИА) - Војвотката од Велс, Кетрин - Кејт Мидлтон сподели трогателна порака до луѓето кои се борат со алкохолизам, нудејќи им ја својата поддршка.

- Зависноста е сериозна состојба на менталното здравје што може да му се случи секому, без разлика на возраста, полот, расата или националноста, рече британската принцеза на видео на Јутуб. Како покровителка на здружението за поддршка и рехабилитација од алкохгол, „Forward Trust“, таа запознала многу луѓе кои страдале од оваа зависност. https://www.youtube.com/watch?v=dQOuhNFUq68   - Ставовите кон зависноста се менуваат. Но, сè уште не сме таму каде што и треба да бидеме. Сепак, срамот од зависноста ги спречува луѓето и семејствата да побараат помош и луѓето сè уште трагично ги губат своите животи. Ние како општество треба да признаеме дека единствениот начин да им помогнеме на оние кои страдаат е да се обидеме да разбереме што ги навело до зависноста, да сочувствуваме со нив и да бидеме сочувствителни за нивните борби... Никој не избира да стане зависник. Сакам да знаете дека ова е сериозна здравствена состојба. Ве молам, не дозволувајте срамот да ве спречи да ја добиете помошта што очајно ви е потребна!, додаде таа. Кејт беше прогласена за покровителка на здружението минатата година.  си/

Остани поврзан