• понеделник, 23 декември 2024

Кејн е главната цел на ПСЖ

Кејн е главната цел на ПСЖ

Париз, 19 април 2023 (МИА) – Фудбалерот на Тотенхем, Хари Кејн би можел да се пресели во ПСЖ следната сезона.

 

Според Le Parisien“, англискиот репрезентативец го привлече вниманието на парискиот клуб, кој бара опции за засилување на својот тим во летниот преоден рок. Спортскиот директор на ПСЖ, Луис Кампос, го стави трансферот на Кејн главен приоритет на клубот.

 

Една од главните пречки за спроведување на овој трансфер ќе биде цената на играчот. Се очекува лондонци да побараат околу 100 милиони евра за трансферот на Кејн.

 

Дваесет и деветгодишниот Кејн на 31 натпревар во Премиер лигата оваа сезона, постигна 23 гола и две асистенции. зс/

Тагови

Остани поврзан