• понеделник, 23 декември 2024

Кер: Ембид, Џејмс и Кари сигурни во стартните пет за Олимпијадата

Кер: Ембид, Џејмс и Кари сигурни во стартните пет за Олимпијадата

Париз, 19 јули 2024 (МИА) - Селекторот на американската репрезентација Стив Кер именуваше тројца кошаркари кои ги гледа како столбот на стартната петорка.

Кер доби тешки критики од навивачите во САД за неговата одлука да се потпре на центарот на Филаделфија 76 ерс, Џоел Ембиид како стартер, но центарот роден во Камерун е еден од оние кои имаат сигурно место меѓу првите пет на Кер. Останатите двајца се ветераните Леброн Џејмс и Стеф Кари.

-Разгледавме различни опции, сигурно имаме и други опции, но мене лично тие тројца заедно најмногу ми се допаѓаат, изјави Кер по победата на Американците над Србија во Абу Даби.

Тој сподели дека е задоволен од работата на резервните центри Ентони Дејвис и Бам Адебајо, кои го обезбедија потребниот мир при играњето во одбраната против предводникот на Србите, Никола Јокиќ.

-Имаме доволно стрелци во нашиот тим. Тоа не е проблем за нас и никогаш не било. Но, важно е да се види одбраната, одбраната, одбраната. Тоа треба да биде она што не издвојува, заедно со длабочината во тимот. Мислам дека тука е нашата најголема сила, објасни Кер, кој има луксуз да смета на 12 од најголемите ѕвезди во НБА.

Првиот натпревар репрезентацијата на САД на олимпискиот турнир во Париз ќе го има на 28 јули повторно против Србија, а дотогаш олимписките шампиони ќе одиграат уште две контроли - против дебитантот Јужен Судан и против светскиот шампион Германија. дс

Фото: Принтскрин

Остани поврзан