• сабота, 23 ноември 2024

Кеирош нов селектор на Иран

Кеирош нов селектор на Иран
Техеран, 6 септември 2022 (МИА) – Португалскиот фудбалски стратег Карлос Кеирош (69) минатиот викенд престојувал во Техеран и со новото раководство на Фудбалската федерација на Иран договорил да ја предводи националната репрезентација на Светското првенство кое од 20 ноември до 18 декември ќе се одржи во Катар, јавија денеска локалните медиуми. Кеирош на селекторската клупа доаѓа на местото на хрватскиот тренер Драган Скочиќ, кој рутински го однесе Иран на претстојниот Мундијал и на 18 натпревари забележа 15 победи. Назначувањето на Кеирош се поврзува со новиот претседател на иранската фудбалска Федерација Махди Тај, кој за време на својата кампања најави дека во случај на победа на изборите ќе го донесе Португалецот на селекторската клупа. Кеирош претходно осум години го предводеше Иран, од 2011 до 2019 година, и во тој период обезбеди два мундијалски настапи, но без позабележителен успех. Иран на претстојниот Мундијал е во групата Б заедно со Англија, Велс и САД. ег/ссм/  

Остани поврзан