• недела, 01 септември 2024

Кевин Харт и Крис Рок со заедничка турнеја во САД

Кевин Харт и Крис Рок со заедничка турнеја во САД
Лос Анџелес, 9 март 2022 (МИА) - Комичарите Кевин Харт и Крис Рок ја најавија својата заедничка „стенд-ап“ турнеја во САД, под наслов „Only Headliners Allowed“. Настапите се закажани за во Њујорк и Њу Џерси, од 21 до 25 јули. Билетите ќе бидат пуштени во продажба в петок, 11 март. „Крис секогаш ми беше ментор и, уште поважно, тој е мој брат и другар во оваа комедија. Едвај чекам да ја напишам историјата со него и да ги уништам овие пазари!!!! Закопчајте ги коланитее, ‘дечки’... Полетуваме!“, напиша Харт на Инстаграм, а Рок додаде - „Следуваат уште датуми“. Харт минатиот месец ја потврди и својата солотурнеја со 30 датуми која ќе трае од јули до октомври.  си/

Остани поврзан