• сабота, 23 ноември 2024

Кевин Спејси ослободен од обвинение за сексуален напад

Кевин Спејси ослободен од обвинение за сексуален напад

Њујорк, 21 октомври 2022 (МИА) - Поротата во еден од судските процеси против Кевин Спејси во Њујорк, го отфрли обвинението за сексуален напад на негова адреса.

Ентони Рап тврдеше дека Спејси се обидел да го заведе на забава во њујоршката општина Менхетн, пред 36 години, и побара 40 милиони долари отштета. Тогаш Рап имал 14, а идната холивудска ѕвезда - 26 години. За случајот пошироката јавност дозна во 2017 година, на самиот почеток на движењето „#MeToo“ против сексуалните напади и злоупотреби. После тоа, повеќе мажи го обвинија Кевин Спејси за сексуален напад. Но, двократниот оскаровец ги отфрли сите обвинувања против него. Судскиот процес против Кевин Спејси почна на 6 октомври и траеше точно две недели. А, 12-члената порота го ослободи од обвиненијата по помалку од два часа размислување. Спејси (63) двапати ја доби најпрестижната филмска награда на светот - за „Вообичаените осомничени“ (The Usual Suspects) од 1995 година и за „Американска убавина“ (American Beauty) три години подоцна. Тој глумеше и во хит-серијата „Куќа од карти“ (House of Cards), но беше исфрлен токму поради обвинувањата за сексуален напад.  си/

Остани поврзан