• среда, 25 декември 2024

„Квин“ најави необјавена песна од Фреди Меркјури

„Квин“ најави необјавена песна од Фреди Меркјури
Лондон, 8 јуни 2022 (МИА) - Необјавена песна на рок-групата „Квин“, што на крајот од животот ја отпеал пејачот Фреди Меркјури (1946-1991), може да биде објавена во септември оваа година, соопштија членовите на бендот, Брајан Меј и Роџер Тејлор за Би-Би-Си. - Најдовме мал „бисер“ - оставина од Фреди на која малку бевме подзаборавиле, рече Тејлор. Песната е одлична. Тоа е вистинско откритие, од 1989 година и мислам дека ќе излезе во септември, додаде тапанарот на бендот. Меј од своја страна објасни како е откриена и дека се плашелe oти песната со работен наслов „Face It Alone“ во еден миг била изгубена, но на крајот ја нашле и решиле да ја објават. - Ни се чинеше, никој не знаеше каде е... Иако ја имавме наоколу. Ја баравме повеќепати и веќе мислевме дека не може да се најде, изјави гитаристот на бендот, оценувајќи ја прекрасна и трогателна, вели музичарот. Бендот има издадено 15 студиски албуми, и речиси 100 милиони примероци продадени ширум светот. Последниот студиски албум на „Квин“ беше објавен во 1995 година, четири години по смртта на Меркјури, кој почина од СИДА. И покрај смртта на вокалистот и заминувањето на басистот Џон Дикон, „Квин“ сѐ уште активно настапува со обновена постава. Во групата времено се менуваат Британецот Пол Роџерс и Американецот Адам Ламберт.  си/сд/

Остани поврзан