• понеделник, 16 декември 2024

Квинси Промес уапсен во Дубаи

Квинси Промес уапсен во Дубаи

Дубаи, 1 март 2024 (МИА) - Холандскиот фудбалер Квинси Промес е уапсен во Дубаи поради „локален прекршок“, две недели откако беше осуден на шест години затвор во Холандија за шверц на кокаин.

Од обвинителството не сакаа да прецизираат дали ќе бараат екстрадиција на Промес врз основа на распишаната меѓународна потерница.

Сепак, неколку холандски медиуми објавија дека се во тек разговори меѓу холандските власти и Обединетите Арапски Емирати.

Промес, кој игра за Спартак Москва, беше осуден на шест години затвор од холандскиот суд на 14 февруари за шверц на повеќе од еден тон кокаин во Холандија.

Плашејќи се дека ќе биде уапсен, Промес не присуствуваше на изрекувањето на пресудата, а Русија досега не го екстрадирала.

Како што јави јавниот сервис НОС, повикувајќи се на руски медиуми, Промес е уапсен во Дубаи откако побегнал од местото на сообраќајната несреќа.

Фудбалерот беше во Дубаи на тренинг камп со својот клуб.

Остатокот од неговиот тим се вратил во Русија во четвртокот, но Промес бил уапсен и одведен во полициска станица, објави НОС.

Промес е осуден затоа што со помош на соучесници одиграл „клучна улога“ во шверцот на 1.363 килограми кокаин од Бразил во 2020 година преку белгиското пристаниште Антверпен до Холандија.

Поранешниот фудбалер на Ајакс е осуден и на 18 месеци затвор во врска со друг случај, а тоа е дека избодел роднина поради украден ѓердан во 2020 година.дс  

Фото: Архива

Остани поврзан