Квеирош на клупата на Оман
- Еминентниот португалски тренер доаѓа на местото на Рашид Џабер, кој го предводеше Оман до четвртото место во групната фаза од третиот квалификациски круг и со тоа ги одржа надежите за пласман на Светското првенство 2026.
Скопје, 16 јули 2025 (МИА) – Португалскиот стратег Карлос Квеирош (72) е нов селектор на фудбалската репрезентација на Оман.
Еминентниот португалски тренер доаѓа на местото на Рашид Џабер, кој го предводеше Оман до четвртото место во групната фаза од третиот квалификациски круг и со тоа ги одржа надежите за пласман на Светското првенство 2026.
„Квеирош има богато тренерско искуство, ги водеше репрезентациите на Португалија, Иран, Колумбија, Египет и Катар. Тој беше и помошник тренер во Манчестер Јунајтед под водство на Сер Алекс Фергусон“, објави синоќа Фудбалската асоцијација на Оман на социјалната мрежа Икс.
Оман на 17 јули ја очекува жрепката за четвртото коло од квалификациите за Светското првенство во конкуренција со Ирак, Катар, Саудиска Арабија, Индонезија и Обединетите Арапски Емирати.
Шесте репрезентации ќе бидат поделени во две групи од кои победниците ќе добијат мундијалска виза. Јапонија, Јужна Кореја, Узбекистан, Иран, Јапонија и Австралија веќе се квалификуваа за Светското првенство. ег
ФОТО: ЕПА