Кварацхелија емотивно се збогува со Наполи
- Фудбалерот на Наполи, Квича Кварацхелија сними проштално видео за навивачите на Наполитанците.

Неапол, 16 јануари 2025 (МИА) – Фудбалерот на Наполи, Квича Кварацхелија сними проштално видео за навивачите на Наполитанците.
Фудбалерот преку социјални мрежи објави видео во кое го посети стадионот на Наполи и го посети споменикот на Диего Марадона.
- Ова е тешко за мене, но дојде моментот да се збогувам. Се чувствував одлично овде благодарение на секој од вас. Благодарам на Наполи, градот, навивачите и споменот на Диего, рече Квича во видеото.
Претходно беше објавено дека на 17 јануари Кварацхелија ќе потпише договор со ПСЖ и официјално ќе биде претставен како играч на парискиот тим. Според пишувањата на медиумите, 23-годишниот напаѓач ќе се пресели од Наполи во ПСЖ за 70 милиони евра.
Кварацхелија играше за Наполи од летото 2022 година. Вкупно за италијанскиот тим има 30 гола и 29 асистенции на 107 натпревари. зс/
Фото: ЕПА