Квадрадо позитивен на коронавирус
- Фудбалерот на Јувентус, Хуан Квадрадо е позитивен на коронавирус, соопшти актуелниот италијански првак.

Торино, 6 јануари 2021 (МИА) – Фудбалерот на Јувентус, Хуан Квадрадо е позитивен на коронавирус, соопшти актуелниот италијански првак.
Јувентус наведе дека позитивен на тестирањето на коронавирус е уште еден фудбалер на „старата дама“.
Италијанските медиуми јавија дека станува збор за Алекс Сандро.
Јувентус вечерва му гостува на Милан во големото дерби во Серија А. ег/