• вторник, 24 декември 2024

Кање Вест си го менува името

Кање Вест си го менува името
Чикаго, 23 август 2021 (МИА) - Кање Вест сака да го промени своето име во „Је“, според правните документи кои ги пренесува „Варајети“. За тоа да биде официјално, судот во Калифорнија, односно судијата мора да се потпише и, одлуката за промената на името мора да биде објавена во неколку весници. Во документите, Вест наведува дека промената на името е „од лични причини“, но не даде поподробно објаснување. Инаку, раперот деновиве е актуелен со новиот албум „Donda“. Првите промоции се случуваат во неговото родно Чикаго.  си/сд/

Остани поврзан